Денес прашувам: Има ли нешто за што не сум виновен? Може ли нешто да ме заобиколи?
За гравитацијата? Јас. Врне? Јас. Сонцето изгреало? Јас. Ветерот? Јас. Земјата што се врти? Јас. Доаѓа зимата? Јас. Водата што тече? Пак јас.
Не сум виновен што оваа банда повеќе не може да ги скрие неуспесите. Не сум виновен што лагите повеќе не поминуваат. Немаат повеќе ни Латас ни Мицкоски инспирација за вакви глупости.
Можеби сум виновен и за тоа што народот гледа. Или за тоа што бајките се потрошија. Или за тоа што некој го прочитал ваквиот наслов и се смее?
Народе, очигледно стојам зад сè. А вистината сама излегува.
Левица не гласаше за минималец од 600 евра. Не влегоа ниту во сала. На Светскиот ден на пристојна работа.
Лева партија, десна наредба. Спутник на арамијата: анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. Далечинскиот на Мицкоски не даде сигнал.
На крајот испадна и анти-плата. Анти-работник. Работникот не живее од нивната парола. СДСМ е единствената партија што гласаше. Левица молчеше, а гласна стана со платформата - ЗНАМ 2.0. Тоа е нивната анти-идеологија.
Еве, главниот советник на Мицкоски - Латас ми одговори.
Човек на службата на Србија.
Човек што ја палеше американската амбасада.
Човек со награда од Милошевиќ во 90-тите.
Човек што зеде хектари, куќи и станови од пари на граѓаните. Човек што со Живаљевиќ од БИА се врзува со 27 април. Денеска работи за БИА. Со Ивона, по инструкција, во канцеларија на Вучиќ. Обвинет за криминал. Ослободен заедно со Груевски - од Мицкоски. Уредник на Орбан–Вучиќ медиумите.
Тој нешто одговара? Тој?
Драган Павловиќ, доаѓа време на вистина. Знаеш дека тогаш доаѓа и правда. Еднаш се извлече. Следниот пат е европско обвинителство.
Еве зошто арамијата не сака во ЕУ.
Со месеци велиме: го запира процесот затоа што се плаши од обвинителство.
Сега е на хартија.
Фон дер Лајен: пред пристапување - прво приклучување кон Канцеларијата на европскиот јавен обвинител.
Во Унгарија го апсат поранешниот министер на Орбан. Така изгледа кога си член на ЕУ и кога власта не е организирана криминална група.
Затоа сакаме Македонија во Унијата. Закон за сите. Нема повик на телефон. Има закон.
Бандата го знае тоа.
Затоа стоиме во место. Затоа патоказ добиваат други.
Кога Левица, ЗНАМ и ВМРО бараат реформи во СДСМ, време е и ние да бараме кај нив.
Во ЗНАМ нема што да бараме. Веќе ги нема.
Во Левица, освен шизофренија - лева партија со десни принципи, можеме да го добиеме само Мусолини. Псевдокомунисти со фризури на марксисти подобро звучи.
Во ВМРО би барале смена на арамијата, наследник на Ванчо Михајлов. Но таму нема никого освен Мицкоски. Си направи реформи: ги укина потпретседателите. Останаа фан-клубови по општините. Владее сам.
Нека си ги реформираат своите сателити. СДСМ не се реформира од кафеана. СДСМ се бори со народот на терен.
Ќе поднесе ли кривична пријава? Ќе тужи ли? Што рече Ќуркчиев? Не е вистина? Доаѓа време на вистина и правда.
Бедна е платформата што ја промовираат Ивона и Латас.
Последен обид да се дестабилизира единствената опозиција во Македонија.
Залудни ви се медиумите на Орбан и Вучиќ.
Залудни ви се Мицкоски и финансирањето.
Народот не е наивен.
ЗНАМ 2.0 нема да помине.
Унгарија ги отвора досиеата. Фидес на Орбан гласаше против. Арамијата Мицкоски кај нас исто така, не сака светлина.
Од одредени граѓани до новинари и нивните наследници што денес одат по медиумите на Орбан во Македонија.
Мрежата е иста. Методот е ист.
Тој што бега од отворање на архиви, бега од своето име во нив.
Мицкоски: над 200.000 граѓани.
Дејвид Гета: 50.000 фанови.
Кому да му веруваме - на диџејот што си ја брои публиката или на арамијата што си ја брои провизијата?
Нула денари, рече.
5,53 милиони евра, од Државна лотарија излезе.
Народни пари.
Чим ќе зине - лаже.
За 24 часа од 0 денари до 5.53 милиони евра. Каде е Мицкоски да објасни?
Дали уште некој во Македонија му верува на Арамијата?
Требаат ли уште докази дека штом зине – лаже?
🇲🇰 Честит 8 Септември – Денот на независноста! 🇲🇰
Денес одбележуваме 35 години од историската одлука на македонските граѓани за независна, суверена и демократска држава.
Нашата државност не започна во 1991 година, создавана е низ генерации, преку историски, политички и револуционерен континуитет. Од идеалите на Илинден, преку одлуките на АСНОМ со кои беше втемелена македонската државност, до референдумот на 8 Септември и одлуката да продолжиме по патот на независноста.
Секоја генерација имала своја историска улога.
Илинденската генерација ги постави темелите на борбата за слобода. АСНОМската генерација ја оствари таа цел и ја втемели македонска државност.
Генерацијата од 1991 година се избори за независна држава, избирајќи го мирот во време на војни, и ја започна тешката битка за меѓународно признавање.
Генерациите потоа решаваа тешки спорови и остварија една од клучните стратешки цели поставени уште од независноста – членството на Македонија во НАТО, го отворија патот кон Европската Унија и го обезбедија македонскиот јазик и идентитет.
СДСМ е дел од тој државотворен континуитет – активен учесник во создавањето и развојот на современата македонска држава, во борбата за независност по мирен пат, меѓународното признавање, членството во НАТО и европската интеграција.
Но денес, кога славиме 35 години независност, мора да гледаме пред сè напред – кон годините и децениите што доаѓаат.
Нашите предци се бореа да имаме своја држава. Оваа нашата генерација има обврска да се избори нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за Европска Македонија.
Затоа што државата е и секојдневниот живот на луѓето, на нашите деца и внуци. Државата е во создавањето можности родителите достоинствено да го издржуваат своето семејство, младите да создадат дом, а повозрасните да имаат мирна и достоинствена старост. Работниците да живеат од својот труд, достоинствено , без страв дали ќе им стигне платата до први.
Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома.
Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите.
Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома.
Тоа е нашата генерациска задача. Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа.
Затоа што Македонија е сè што имаме.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста! 🇲🇰
Стоилковиќ, министер во Владата на Мицкоски, го нарекува Ратко Младиќ - осуден за геноцид „мој генерал“.
Воениот злосторник како херој среде Македонија.
Ова е лицето на Владата што нè враќа во 90-тите.
Мицкоски, дали ова е официјален став на твојата Влада?
„Во моментот кога повеќе немаме слободни медиуми, сè може да се случи.“
„Ако сите постојано ве лажат, последицата не е дека ќе им поверувате на лагите, туку на крајот повеќе никому нема да му верувате.“
Хана Арент
Цела болница во Гостивар е отруена. Пациенти се префрлуваат во Тетово затоа што нема услови за стерилизација. ПЕТ скенерот, единствениот во државата сè уште не работи. Пациенти со рак чекаат со месеци.
Нема лекови. Пациентите сами купуваат терапија од илјадници евра. Вода што труе. Комарци што шират болест.
И по оваа слика тие држат прес конференции за „успеси“ во здравство?!
Немам повеќе зборови.
Само прашање:
До кога?
Премиерот на Црна Гора јасно го кажа тоа што ние во Македонија го зборуваме веќе долго време.
Мешањето на Александар Вучиќ не е локален проблем. Тоа е регионален проблем.
Преку ВМРО и Мицкоски истиот модел се применува и кај нас - исполнување на туѓи агенди кои се директно спротивни на европските вредности и интереси.
Затоа Европската комисија зборува за мешање на „српскиот свет“.
Станува збор за координиран обид да се држи регионот а особено Македонија во сива зона, меѓу Европа и Русија.
Ние имаме проблем со оние кои еден ден зборуваат за Европа, а другиот ден ја спроведуваат агендата на Белград и Москва.
Црна Гора го кажа гласно.
Време е и граѓаните на Македонија тоа јасно да го сфатат.
Crna Gora ne želi sukob sa Srbijom. Želimo dobrosusjedske odnose, ali i jasnu evropsku politiku koju, očigledno, gospodin Vučić ne želi da razumije.
A nije baš primjereno da sa njegove pozicije preuzima ulogu PR-a Rusije i drugima drži lekcije o principijelnosti.
Zato jedno jednostavno pitanje za predsjednika Vučića: kako to da je Srbija, prema dostupnim podacima, jedan od značajnijih izvora oružja i municije za Ukrajinu, dok Moskvi šalje jednu, a Evropi drugu poruku?
Mi u Crnoj Gori nemamo problem sa jasnim stavom. Imamo ga samo sa dvostrukim standardima. 🇲🇪🇪🇺
„Талог“ сее омраза?!
Вака изгледа сеењето омраза.
„Талог“, “предавници” - чист ванчовизам!
Тоа е зборот што го избраа.
Нема аргумент. Нема факт. Нема визија. Само „талог“.
Кога немаш што да понудиш на граѓаните, почнуваш да ги делиш на чисти и нечисти, на патриоти и предавници!
Кога немаш резултати, сееш омраза и се обидуваш да го дехуманизираш противникот.
Ние не сме талог.
Ние сме оние кои се бореа и се борат за европска Македонија додека вие ја туркате во изолација и страв.
И токму затоа овој јазик е опасен. Затоа што открива кој навистина сее омраза.
Доста е.
#ВАНЧОВИЗАМ
Има ли нешто за што не е виновен СДСМ?
Две години апсолутна власт. Земјоделците во катастрофа - ИПАРД, субвенции, откупни цени, дизел, ѓубрива… И пак ви е некој друг крив?
Никој не е виновен што сте неспособни. Никој друг, освен вие самите, што не знаете ни дека знамето има 8 зраци, а не 12. Коњ дека има 4, а не пет нозе.
Повеќе од две години сте на власт. Медениот месец со гласачите одамна ви заврши. Сега мора да има резултати, а вие немате баш ниту еден.
Премногу лажевте. Народот повеќе не ви верува.
Мицкоски објави видео за 35 години независност.
Видео што ја слави политиката на СДСМ.
Киро Глигоров. Државотворни успеси.
Недостасува само НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ а и тоа е СДСМ.
Го нема Груевски. Нема место ниту за оваа влада.
Сакаше да се пофали а објави промоција на СДСМ.
facebook.com/share/v/1BoZZtr…
Иван Стоилковиќ. До вчера вицепремиер, заменик на претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците. Прв човек на Христијан Мицкоски.
Денес министер за локална самоуправа во Владата на Македонија. И токму тој министер денеска на својот Фејсбук-профил промовира текст полн со најтешки навреди кон мене и кон СДСМ.
Ова не е обичен граѓанин туку министер на Владата на Република Македонија.
Ова е лицето на оваа власт.
Згрозен сум од она што им се случи на нашите млади во Ново Село.
До каде е подготвена една криминална група како ВМРО да оди за да ја сокрие вистината - до таму да напаѓа млади луѓе?
Барам од Обвинителството и полицијата веднаш да ги пронајдат насилниците и да утврдат кој е налогодавец.
Ова не смее да помине неказнето.
Наскоро доаѓа време на вистина и правда.


















