Trajko Slaveski (@TSlaveski) header
Trajko Slaveski (@TSlaveski) profile picture

Governor of the National Bank of the Republic of Macedonia. Full Professor. Former Minister of Finance (2006 - 2009), and Minister of Development (1999 - 2000)

Skopje, Macedonia
Joined March 2022
Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)Photo by Trajko Slaveski (@TSlaveski)
Денеска 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен ги подигнаа средствата од своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Особено ми е драго што исплатата помина во најдобар ред, со добра организација и без застои. Успешно беше организиран и превозот на клиентите од трите града до Битола и назад, со што им се олесни пристапот до нивните средства. Продолжуваме со активностите за постепено олеснување на условите за клиентите на Банката. Од понеделник, 9 ноември, со работа започнуваат и шалтерите во Тетово и Струмица, а се зголемува и неделниот лимит за користење на платежните картички, од 10.000 на 15.000 денари. Наш приоритет останува граѓаните да имаат полесен пристап до своите средства и да бидат уредно опслужени.
Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен nbrm.mk/ns-newsarticle-soops… ___________ Sot, ALTA Banka ShA Manastir u pagoi mjetet 360 qytetarëve nga Prilepi, Ohri dhe Resnja nbrm.mk/ns-newsarticle-soops…
4
3
14
1,358
И денеска објавуваме нови олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им овозможиме полесен пристап до нивните средства. 📍 Од понеделник, шалтери за исплата на готовина ќе бидат отворени и во Тетово и Струмица. Граѓаните без платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. 🚌 За граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен ќе организираме автобуски превоз до филијалата во Битола, за да можат да ги подигнат своите пензии и социјална помош. 💳 Го зголемуваме и неделниот лимит за плаќања со картички и подигање готовина од 10.000 на 15.000 денари. Уште една важна новина е што сите идни приливи од плати, пензии и социјални трансфери, уплатени од институции и компании со сметки во други банки, ќе може да се подигнат во целост, без ограничување на износот. Тоа значи дека клиентите нема да мора да отвораат сметки во други банки. Исплатите се одвиваат според планираното. Само денеска во филијалата во Битола беа услужени околу 660 клиенти. Филијалата работи во две смени, а ќе работи и утре, во сабота. Сакам уште еднаш да појаснам: „АЛТА банка“ продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата. Банката е ликвидна и висококапитализирана, а средствата на клиентите се на нивните сметки. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и да ги преземаме потребните чекори за постепено олеснување на условите. Знаеме колку им е важно на граѓаните навреме и без непотребни тешкотии да дојдат до своите пари. Тоа е и причината поради која работиме на овие олеснувања.
👉Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 556 пензионери 🔗: nbrm.mk/ns-newsarticle-soops… _________________ 👉Sot, ALTA Banka ShA Manastir ka kryer pagesën për 556 pensionistë 🔗: nbrm.mk/ns-newsarticle-soops…
4
2
1
20
1,595
Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката ...“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката. До мене допираат информации дека наводно сум вперил прст кон домашните медиуми. Сакам да појаснам дека во тој дел од емисијата зборував за случувањата поврзани со „Алта банка“ во Србија и за објавите во тамошните медиуми во врска со одливот на средства од банката. Во ниту еден момент не мислев на „Алта банка“ АД Битола, ниту, пак, сакав да ја доведам во прашање професионалноста на македонските медиуми. Тоа беше смислата на мојот одговор. Во однос на случувањата кај нас, сметам дека прес-конференциите на СДСМ придонесоа за создавање недоверба и дополнителен притисок, во контекст на кој беше воведена и заштитната мерка за ограничување на исплатите на 10.000 денари неделно. Особено ми паѓа тешко доколку мојата изјава е разбрана поинаку од новинари и припадници на новинарската фела чија работа исклучително ја почитувам и чии текстови редовно ги читам. Доколку со мојата формулација, макар и ненамерно, сум навредил некого од новинарската фела, искрено се извинувам. Тоа во никој случај не беше мојата намера.
3
2
2
17
2,760
❗️Нема милионски приливи од Србија кон Македонија. Податоците што ги проверивме покажуваат нешто сосема друго. ➡️ По 26 октомври, во Алта банка АД Битола приливите на клиентите на банката од Србија кон Македонија биле во износ од околу 16.000 евра, додека одливите на клиентите, од Македонија кон Србија околу 180.000 евра. 🔹 Станува збор за редовни трансакции на клиентите на Банката, поврзани со нивното работење – меѓу нив и плаќања за увоз на стоки од страна на мали и други бизниси. 📌 Податоците се однесуваат на периодот по 26 октомври, односно по завршувањето на изборите во Србија. 🏦 Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности – со една јасна цел: заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.
11
3
1
28
4,510
🛡️ Привремено ја заштитуваме „АЛТА банка“ АД Битола, нејзиниот имот и сите заштеди на граѓаните, до очекуваната промена на сопственоста. 🔹 Воведувањето администрација во банката е заштитна мерка од времен карактер – не значи затворање на Банката, стечај или одземање на дозволата за работа. 🔹 „АЛТА банка АД Битола“ е ликвидна, високо капитализирана и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Работењето на Банката продолжува под непосреден супервизорски надзор на Народната банка, со привремени ограничувања. 💳 Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за одлив преку картички за готовински подигања и плаќања кај трговци. Внатрешните плаќања во рамките на Банката остануваат неограничени. 🏢 Правните лица привремено нема да можат да одлеваат средства надвор од Банката преку платните системи, ниту со повлекување готовина од банкомати или шалтери. Ќе можат да вршат неограничени внатрешни плаќања кон други правни и физички лица во рамките на Банката. 🎯 Целта е јасна: да се заштитат сите штедачи, имотот и стабилноста на Банката до промената на сопственоста, која очекуваме да се реализира набрзо. 🏦 Народната банка континуирано ја следи состојбата и јавноста навремено ќе биде информирана за сите промени.
34
7
11
38
14,198
Банкарскиот систем е стабилен и отпорен. Народната банка континуирано го следи работењето на сите банки, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици. Во врска со актуелните наводи за прекугранични трансфери, важно е: 🔹 Прекуграничните финансиски текови се вообичаен дел од современата економија. Компаниите плаќаат странски добавувачи, банките извршуваат трансакции за клиентите, а инвеститорите вложуваат на домашните и странските пазари. И нашата земја има приливи и одливи на капитал, вклучително и преку портфолио-инвестиции во странство. 🔹 Одливите на капитал од одредена земја треба да бидат предмет на интерес на нејзините надлежни институции. Инвеститорите го преместуваат финансискиот капитал од различни причини – во потрага по повисоки приноси, поповолна инвестициска клима или во услови на зголемена неизвесност. 🔹 Трансферот на средства од една во друга земја сам по себе не значи сомнителна активност. Клучни се природата, основата и околностите на трансакцијата, како и нејзината усогласеност со законите. 🔹 Домашниот банкарски систем е под постојан супервизорски надзор, преку вонтеренско следење и редовни теренски контроли, во соработка со домашни и странски супервизорски органи. 🔹 Република Македонија и Народната банка се високо оценети од страна на релевантни меѓународни институции во спроведувањето на регулативата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Оттаму, ние сме многу повеќе заинтересирани за зачувување на постигнатото одошто кој било душегрижник што повеќе се грижи за интересите на друга, одошто на сопствената држава! 🇪🇺 Квалитетот на супервизијата е потврден и со одлуката на Европската комисија од 2021 година, со која домашната регулаторна и супервизорска рамка е оценета како еквивалентна на рамката на ЕУ. ➡️ Довербата во банкарскиот систем треба да се темели на проверени информации и факти. Народната банка ја следи состојбата и презема мерки во рамките на своите надлежности за зачувување на стабилноста на банкарскиот систем, како еден од клучните столбови на економската стабилност.
11
3
6
30
5,324
80 Години централно банкарство во Македонија — нека ни е честит јубилејот! Видео за растежот на една од најкредибилните институции во земјава - Народната банка👇🏻
2
2
2
23
1,770
Нека е за многу години празникот!
Честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба!
2
2
24
1,037
МУЛТИФОНДОВИ Приватните пензиски друштва: Писмо - ти губиш! Глава - јас добивам!
19
1
8
14
7,016
Кратка средба со премиерот на Тајланд, г-динот Anutin Charnvirakul, за време на приемот за учесниците на Годишните средби на ММФ/Светска банка во Бангкок A short encounter with the Prime Minister of Thailand, Mr Anutin Charnvirakul, during the Thai Government Reception for the 2026 IMF/WB Annual Meetings participants in Bangkok
2
1
9
662
It has been my honor to address the Regional Economic Outlook forum at the IMF/World Bank Annual Meetings in Bangkok, Thailand, upon an invitation of Mr Matheus Shczurek, Director of the IMF European Department.
☝ Гувернерот Славески на настан на ММФ за економските перспективи на Европа: нов модел на економски раст е клучен за побрзо приближување кон ЕУ 🔗: nbrm.mk/ns-newsarticle-soops…
1
10
688
🇲🇰🤝🇳🇱 Учествував на состанокот на Холандско-Белгиската конституенца во Бангкок, заедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка. 🌐 Разменивме мислења за актуелните предизвици во глобалната економија, финансиската стабилност и улогата на меѓународните финансиски институции во справувањето со нив. 🏦 Ваквите средби се значајна можност за продлабочување на соработката со партнерите и размена на искуства за спроведување одржливи економски политики и зајакнување на отпорноста на економиите.
2
1
6
466
Поглед од страна: Да учиме од туѓите, а не од сопствените грешки. Т.н. мултифондови, новата мантра за спас на јаловиот втор пензиски столб, не се решение за македонскиот пензиски систем — ниту сега, ниту во иднина! Погледнете ја анализата на одличниот колега Никола Алтипармаков, професор на Економскиот факултет на Белградскиот универзитет👇🏻 plusinfo.mk/multifondovite-n…
8
6
1,396
🏠 Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на Народната банка го поддржуваат првото купување дом. Во изјава за емисијата „Бизнис објектив“ на ТВ Телма, зборувам за движењата на цените на становите, мерките на Народната банка за одржливо станбено кредитирање и заштитата на граѓаните од презадолжување. (Се извинувам за назалниот тон при моето зборување во видеото во прилог) 📉 Во третиот квартал од годинава, годишниот раст на цените на становите во Скопје забави на 10,3%, што е блиску до нивото од 2023 година. 🏡 Кредитите за прво купување дом учествуваат со околу 25% од вкупниот број одобрени станбени кредити. ▪️ Банките веќе го следат нашиот совет — кај кредитите за прв стан започнаа да нудат пониски каматни стапки! Се согласија дека тие што купуваат живеалиште претставуваат помал ризик за сервисирање на долгот. Од 1 декември стапуваат во сила новите макропрудентни мерки: ▪️ За втор и следен стан, максималниот рок за отплата се намалува од 30 на 25 години. ▪️ За прво купување дом останува можноста за рок на отплата до 30 години. 🎯 Целта е да се поттикне одржливо задолжување, да се зачува стабилноста на финансискиот систем и да се поддржат граѓаните што го купуваат својот прв дом. „Становите и куќите, пред сè, треба да бидат објекти за живеење, а дури потоа објекти за инвестирање.“
4
2
13
2,038
Нека е за многу години празникот!
1
2
13
464
Заеднички успех на Народна банка и македонските банки во интерес на граѓаните и бизнисот! Наскоро следува уште еден важен чекор кон интеграцијата во европските платни системи - системот за инстант плаќања TIPS.
🇪🇺 Една година во СЕПА – над 5 милиони евра заштеди! За една година: 581+ илјада трансакции, ≈11 милијарди евра плаќања и до 6 пати пониски надоместоци за граѓаните и до 9 пати за компаниите. СЕПА веќе учествува со 69% од прекуграничните плаќања во евра. 💶
3
11
597
Ако не им верувате на повозрасните, прочитајте што ви кажуваат помладите колеги. И редно е посочените во колумната да се одважат да одговорат на предизвикот.👇🏻
9
1
4
10
2,785
Се прашувам каква катастрофа им се случи на земјите кои го укинаа или радикално го трансформираа вториот пензиски столб? Чешка го укина една година по воведувањето; Унгарија, Полска, Литванија и Естонија спроведоа радикални резови; Словачка и Летонија ги намалија стапките од придонесот за пензиско осигуривање насочен кон вториот столб од 9% на 4% и од 10% на 5%, респективно. “Паметните” Словенци чиишто фондови инкасираа стотици милиони евра на име провизии од придонесите на нашите осигуреници никогаш не воведоа втор столб. Република Македонија е единствената од групата 13-14 земји кои го воведоа вториот пензиски столб која го задржала status quo-то од самото негово воведување. Не си “поиграла” затоа што експерти ја советувале дека тоа би било “опасно”, но по високите провизии што ги инкасираат друштвата за управување со средствата на идните пензионери.
21
3
5
5
3,891