Со добра организација, се ствара и добра енергија.
Ако немаш организација, нема ни енергија, т.е. нема ништо.
Во секој дел од животот е то, дали дома, на работа, во друштво...во сè.
-Силните луѓе, оние кои знаат, дозволуваат да му се помогни.
-Слабите луѓе, оние шо "сè знаат", не дозволуваат да им се помогни.
Помогни си за да ти помогнат.
Дозволи да ти помогнат.
Во спротивно, ќе останиш на статус кво, а другите одат напред.
Стари луѓе, не вадат картичка од бакомат, не даваат полномошно, не трошат пари, ниту вадат пари.
Ама овие три дена нозе искршија по банките.
Како сакате сфатете ме, ама сите имаат полно чекмече, без гајле да сте.
Пошто прв идам секогаш во офисот, отварам џамој и пуштам кима, па слегвам во производство.
Секогаш му е дилема на колегиумот кој отвора и кој пушта клима. 🙂