Investigative Reporting Lab Macedonia

Former Yugoslav Republic of Ma
Joined January 2018
⚠️НОВО ВИДЕО НА ЈУТЈУБ | Скопје без Рашче: Што кога отровот ќе стигне до нашите чешми? Без безбедна вода животот во градот ќе запре. Болниците, училиштата, градинките и голем дел од бизнисите нема да можат нормално да работат. Летово во Гостивар видовме што може да му се случи на еден град кога водата не е безбедна за пиење: повеќе од 4.000 луѓе побараа лекарска помош откако пиеја вода загадена со фекалии. Кај Рашче предупредувањето трае повеќе од 50 години. Пред речиси две години беше предложено и конкретно решение, но депонијата сè уште е таму. Што може да се направи пред отровот да стигне до Рашче? 📺 Гледај тука: youtu.be/ggfsHkv2St8?si=JUQd…
11
4
21
1,344
Што ќе се случи со Скопје ако канцерогениот шестовалентен хром стигне до Рашче? Без безбедна вода животот во градот ќе запре. Болниците, училиштата, градинките и голем дел од бизнисите нема да можат нормално да работат. Летово во Гостивар видовме што може да му се случи на еден град кога водата не е безбедна за пиење: повеќе од 4.000 луѓе побараа лекарска помош откако пиеја вода загадена со фекалии. Кај Рашче предупредувањето трае повеќе од 50 години. Државата знае дека шестовалентниот хром од депонијата на Југохром веќе навлегол во подземните води што се движат кон Жеден и Рашче. Знае и дека Скопје нема подготвен извор што може да го замени. Уште пред 27 години било утврдено дека депонијата мора итно да се санира. Пред речиси две години беше предложено и конкретно решение, но депонијата сè уште е таму. Што може да се направи пред отровот да стигне до Рашче? youtu.be/ggfsHkv2St8?si=t_O9…
6
3
6
965
Илјадници тони канцероген шестовалентен хром лежат на само 30тина километри од изворот од кој зависи водоснабдувањето на цело Скопје. Дел од отровот веќе е навлезен во подземните води и патува кон Рашче. Државата знае за опасноста повеќе од 50 години, но депонијата сè уште е на истото место. Може ли да се спречи отровот да стигне до Рашче? Денес, 12 октомври, во 12:00 часот. Ново видео на YouTube каналот на ИРЛ: youtu.be/ggfsHkv2St8?si=s_lL…
2
9
1
17
1,803
Во земја каде што „наведната глава сабја не ја сече“ и каде што сме научени да молчиме и да калкулираме, протестот е начин да не им ги препуштиш одлуките за твојот живот на луѓе кои не го застапуваат твојот интерес. Од Спас за Дошница до Стоп за Усје, движења на отпор се појавуваат ширум државата. Почнуваат од мали групи луѓе што одлучуваат да не молчат, да решаваат проблем по проблем, конкретно и упорно, и да издржат пред притисоците од политички и бизнис структури. Гледајте: youtu.be/bLvuax4dYaY?si=rF_s…
1
6
323
Во новиот поткаст „Возможна правда”, разговараме со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и со Сашка Цветковска, главна и одговорна уредничка на ИРЛ – за тоа како изгледа борбата против корупцијата одвнатре, кога системот не штити и кога одлуката да продолжиш не е секогаш лесна. Гледајте на нашиот Youtube или Spotify канал.
1
3
7
1,329
Гледајте го поткастот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и со Сашка Цветковска, главна и одговорна уредничка на ИРЛ – за тоа како изгледа борбата против корупцијата одвнатре, кога системот не штити и кога одлуката да продолжиш не е секогаш лесна. youtu.be/1uK0auu8Ueg?is=ej1g…
1
1
2
484
Насилството врз жените е машки проблем. Кога се премолчува насилничко и деградирачко однесување, се создава простор тоа да продолжи – и да има фатални последици за многу жени. Кога молчиме, заземаме страна. Гледајте го поткастот „Постхумна реакција“ на YouTube со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, новинарката од Слободен Печат Мирослава Симоновска и адвокатката Неда Чаловска, застапничка на семејството на Ивана и Катја. youtu.be/OkikG3gvX0w?si=9tJi…
3
12
629
Вкупно 39 полицајци не постапиле во случаите кога Ивана Јовановска го пријавувала Стојанче дека ја тепа. Таа и нејзината ќерка Катја го загубија животот по пад од тераса, по години физичко и психичко насилство – како што се открива низ судењето кое е во тек. Стојанче Јовановски е обвинет за наведување на самоубиство, како и за дела поврзани со насилството што со години било пријавувано. Гледајте го поткастот „Постхумна реакција” на линкот: youtu.be/OkikG3gvX0w?si=AkaA…
2
2
1
6
1,170
Во новиот поткаст разговараме за последните случаи на фемицид со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, адвокатката Неда Чаловска, која го застапува семејството на Ивана и Катја Јовановски, и новинарката Мирослава Симоновска, која ги следи случаите на Ивана и убиената Росица од Велес. Гледајте на Youtube: youtu.be/OkikG3gvX0w?si=NmxA… Spotify: shorturl.at/IgTIw
3
7
932
Колку пријави во полиција се потребни за да се спречи фемицид? Во новиот поткаст „Постхумна реакција“ разговараме со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Мирослава Симоновска, новинарка од Слободен Печат која ги истражуваше последните фемициди, и Неда Чаловска, адвокатка која работи на случаи на семејно насилство и го застапува семејството на Ивана и Катја Јовановски. Зборуваме за случаи каде насилството било пријавувано, а институциите не постапиле. За дела што се гонат по службена должност, но не биле гонети. И за систем што реагира постхумно. youtu.be/OkikG3gvX0w?si=iBR_…
1
3
4
916
Како се создава јавното мислење? Кој влијае на тоа што ќе мислиме и зошто? Во поткастот „Новинарски пазар“ зборуваме за притисоците врз медиумите, границата меѓу новинарство и пропаганда и начинот на кој информацијата станува бизнис. Новинарите Тамара Чаусидис, Назим Рашиди, Маја Јовановска и Деница Чадиковска откриваат што навистина се случува зад сцената. Во поткастот ќе гледате и видео-сторија со изворно сведоштво на новинарите на ИРЛ, кога луѓе со моќ и пари се обидоа да го купат нашиот интегритет. open.spotify.com/episode/1G8…
2
3
377
Во ИРЛ сме добивале многу понуди да не објавиме истражување, но ова беше прв обид да платат да објавиме сторија во интерес на оној кој плаќа. Маја Јовановска споделува како на ИРЛ му беа понудени пари да објави скроено истражување за случајот со приватизацијата на „Поштенска банка“ - случај кој одигра голема улога во уништувањето на македонската економија. Видео-сторијата премиерно беше емитувана во вчерашниот поткаст „Новинарски пазар“, кој можете да го гледате на нашиот Фејсбук профил или на Спотифај.
6
16
3
57
8,717
🥇ИРЛ ја доби првата награда за истражувачко новинарство „Никола Младенов” за истражувањето „Кочани - Нашиот морален компромис”. Наградата ја делиме со колегите од КОД и Фокус за три истражувачки стории за пожарот во „Пулс”, а се доделува од Македонскиот институт за медиуми. Изјава на комисијата за доделување на новинарските награди: „Комисијата особено го вреднува новинарскиот пристап на ИРЛ, кој се одликува со темелна документациска работа, поврзување на повеќе институционални и правни аспекти на случајот, како и со способност сложените и чувствителни теми да се обработат јасно, аргументирано и одговорно. Сторијата покажува зрел истражувачки пристап, во кој фактите, изјавите и контекстот се вклопени во заокружена целина што има силен информативен и општествен ефект.”
6
7
1
41
1,786
Кој плаќа за тоа што ќе мислиш? И кој има корист ако сите размислуваме исто? Новинарите откриваат како твоето мислење е огласено на продажба. Во новата епизода „Новинарски пазар“ зборуваме за тоа како се создава јавното мислење, каде е границата меѓу новинарство и пропаганда и што се случува кога информацијата станува бизнис. 📺 Вечерва во 22:50 на МРТ1 ▶️ На Фејсбук и Спотифај каналите на ИРЛ
2
6
262
Никој не ја спори содржината, ниту откриените факти. Наместо тоа, добивме 90-дневна забрана за објавување на YouTube. Поткастот „Цената на правдата“ е објавен на нашите Facebook и Spotify профили и може да го гледате таму. open.spotify.com/episode/4cj…
2
4
1
22
1,655
⚠️ Документарецот „Цената на правдата“ беше отстранет од YouTube по пријава за авторски права од Плусинфо и Лидер. Кратки исечоци од нивни видеа беа искористени во филмот за критика на медиумската пропаганда што работи во заштита на корумпирани моќници. Одлуката ја донесе алгоритам, а не човек. ИРЛ поднесе контра барање за ревизија. Во меѓувреме добивме 90-дневна забрана за објавување на YouTube, па содржините ќе ги објавуваме на Facebook и Spotify. Во новиот поткаст вечерва во 22:50ч. зборуваме за истражувањето „Цената на правдата“, за нападите врз свиркачите и новинарите и за тоа како функционира системот кога правдата зависи од одлуките на неколку моќни поединци во институциите. Зборуваме и за Кочани, бидејќи вчера се наврши една година од трагедијата која однесе 63 млади животи. 🎥Поткастот ќе се емитува вечерва во 22:50 на МРТ1 и на Фејсбук и Спотифај каналите на ИРЛ. Потребна ни е вашата поддршка. Споделувајте ги нашите содржини и помогнете вистината да стигне до повеќе луѓе.
6
60
7
174
15,803
1/2 Како се манипулира правдата и се штитат моќни лица од кривичен прогон? Во центарот на оваа приказна е еден извештај од надзор врз работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, кој со месеци бил сокриен од јавноста.
1
9
14
926
2/2 Извештајот до кој дојде ИРЛ открива како играта може да се намести уште пред предметите да стигнат до суд, преку манипулации со заведување и распределба на случаи во обвинителството. 🎥 Гледајте ја епизодата „Цената на правдата” на нашиот Јутјуб канал.
3
188
Следена новинарка. Сокриен извештај од надзор врз работата на Вишото јавно обвинителство. Корумпирани обвинители и пет храбри службенички кои решија да ѝ се спротивстават на мафијата. Гледајте премиерно на МРТ1 и на Youtube каналот на ИРЛ. youtu.be/GQrjjRn5kVY?si=9ket…
3
18
37
3,392
Новата и долгоочекувана епизода од серијалот Редакција ќе ве шокира, иако сите навидум знаеме како се местат судски случаи. Вечерва во 20:15 го објавуваме документарецот „Цената на правдата“. Гледајте на МРТ1 и на нашиот YouTube канал. #8Март #ЖениПротивМоќта
2
20
2
45
3,262